Може ли компјутерите да предизвикаат недостаток на енергија ?

Неверојатната брзина со која се развиваат компјутерите е совршено сумирана во Муровиот закон, кој вели дека збирот на транзистори во едно интегрирано коло се удвојува на секои две години. Но овој вид на експоненцијален раст на компјутерската моќ исто така значи дека на нашите компјутери ќе им треба се’ повеќе и повеќе енергија за да функционираат, а според предвидувањата на научниците, до 2040 година на компјутерите ќе им биде потребна повеќе енергија отколку што можеме да произведеме.

Овие предвидувања на научниците првично се содржани во еден извештај објавен од страна на Здружението на индустријата за полупроводници, но од неодамна се најде на насловните страници на медиумите откако групата ја издаде својата конечна оценка на индустријата за полупроводници.

Основната идеја е дека како што компјутерите стануваат помоќни и имаат повеќе транзистори, така ќе им биде потребна повеќе енергија за да можат да функционираат, освен ако не се подобри нивната ефикасност. Поголемиот број на транзистори во еден чип значи повеќе меѓусебни врски. Колку повеќе меѓусебни врски, толку помала ефикасност.

Научниците предвидуваат дека освен ако значително не го подобриме дизајнот на нашите компјтери, до 2040 година нема да можеме да ги напојуваме сите од нив.

239482193487-reportОвој графикон го претставува проблемот. Побарувачката на енергија од денешните системи е претставена со портокалова линија, а вкупното производство на енергија со жолта линија. Точката каде што тие се пресекуваат е предвидена некаде околу 2030-тите или 2040-тите години, и токму во таа точка започнуваат проблемите.

Извештајот предупреди дека после 2020 година економски е невозможно постојано да се подобруваат перформансите на компјутерите со досегашните методи. Идните подобрувања на моќта на компјутерите мора да потекнуваат од области кои не се поврзани со бројот на транзисторите.

Ова не значи дека е крај на Муровиот закон, туку едноставно е еден чекор назад за да се зачува она што ни е од особено значење – компјутерите.

Поддржете ја нашата работа: