Воведен курс по астрономија 2018 со посебен повод

Со почеток од 27-ми март 2018 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија 21-ви пат по ред, но оваа година со посебен повод – 20 години постоење и успешна работа на Друштвото!

Придружете се, затоа што учењето го прават забавно, а овие предавања се одлична можност да се запознаете и со нивната работа и доколку сакате да се придружите како членови.

Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе бидат претставени преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.

Курсот ќе започне на 27.03.2018 (вторник). Предвидени се 10 термини, од кои два во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје. Предавањата ќе завршат на 26.04.2018, по што следи опционен тест, а потоа и доделување на дипломи за учесниците.

Цената за целокупниот курс е 1500 денари. За ученици, за студентите на ФЕИТ (со приложен индекс или студентска легитимација) и членовите на Скопско астрономско друштво, цената на курсот е 1000 ден. Во цената се вклучени:

  • скрипта со материјали од курсот;
  • посета на Планетариумот;
  • набљудувања со телескопи;
  • завршен тест;
  • диплома.

Важно:

  • Курсот не се препорачува за деца под 12 години;
  • Претходно пријавување не е потребно. Уплатата се врши пред почетокот на првото предавање.

    Повеќе информации на kontakt@astronomija.mk или јавете се на 076 439 027.

    Благодарност до Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ за поддршката.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt