Вселенскиот телескоп “Кеплер” оди во пензија

СПОДЕЛИ

НАСА најавува дека вселенскиот телескоп Кеплер треба да ја заврши својата мисија. Кеплер помина 9 години во Вселената и откри повеќе од 2.300 потврдени планети, надвор од нашиот Сончев систем. Тоа е скоро две третини од сите егзопланети кои се некогаш пронајдени. Мисијата на Кеплер е можеби завршена, но истражувањето на егзопланетите туку што започнува.

Откритијата на телескопот Кеплер, засекогаш ја променија нашата перцепција за Универзумот. Дознавме дека каменестите светови се чести, исто така пронајдовме и мноштво планети кои орбитираат околу своите ѕвезди во зони погодни за живот, на кои можеби постои течна вода. Овие откритија доста ќе им помогнат на идните телескопи кои допрва ќе истражуваат каква е атмосферата на овие планети.

Научите многу научија и за управувањето со вселенските летала. Кога Кепрер беше лансиран имаше четири метални реакциски точки – тоа се уреди кои се вртат и го одржуваат леталото ориентирано во одреден правец. Со текот на годините, повеќето такви делови откажувале, но НАСА никогаш не го отфрли Кеплер.

Наместо тоа, агенцијата го пренасочуваше вселенското летало со помош на сончевиот притисок. Тоа беше доволно, за Кеплер да открие уште неколку планети за време на оваа нова мисија, наречена К2.

Податоците на Кеплер не умреа заедно со леталото. Всушност, тие се достапни за секој кој има интернет конекција. Сите идни астрономи можат да ја набљудуваат работата на Кеплер и да изнесат нови научни сознанија.

НАСА знаеше дека еден ден Кеплер ќе остане без гориво и ќе престане со работа. Телескопот траеше и подолго од неговиот програмиран век. Истражувачите увидоа дека работата на Кеплер е од големо значење, па во април оваа година беше лансиран вселенскиот телескоп ТЕСС (Transiting Exoplanet Survey Satellite).

Кеплер беше од голема корист за науката, не само поради егзопланетите кои ги пронајде, туку и поради својата истрајност. Во Вселената работите се расипуваат, а паметните луѓе мораат да пронајдат начин како да ги поправаат.

Во последните неколку месеци инженерите го одржуваа Кеплер со неверојатно мала количина на гориво, а најновите податоци од кампањата 19 ја превзедоа истражувачите од Земјата. Кој знае какви студени планети не чекаат таму?

Дискусија

Коментари