За прв пат – снимен неверојатно редок вид на морско змејче

Еден вид на морска риба која досега беше позната само од примероците во музеите, за прв пат е снимена во водите на Западна Австралија.

Се работи за црвеното морско змејче или Phyllopteryx dewysea“ кое припаѓа на фамилијата „ Syngnathidae“, каде што исто така припаѓаат и морските коњчиња.

Истражувачите од Универзитетот во Западна Австралија, Западно-австралискиот музеј и Институтот за океанографија со помош на мини далечински управувано возило набљудувале две единки во период од речиси 30 минути, при што откриле нови детали за нивната анатомија, живеалиште и однесување.

Ова најново откритие го потврдува постоењето на нов вид на морско змејче, кој нема раскошни додатоци на телото кои наликуваат на листови – карактеристика која се смета дека ги разликува двата досега познати видови – обичниот и лиснатиот морски змеј и која им служи за камуфлажа во средината каде што живеат.

3C15348600000578-4114358-A_live_ruby_seadragon_has_been_spotted_on_camera_for_the_first_t-a-3_1484247445175

Научниците сметаат дека најверојатно ги загубиле во текот на еволуцијата, а црвената боја делува како камуфлажа во подлабоките, слабо осветлени води каде што живеат. Потребни се повеќе истражувања за да дознаеме нешто повеќе за нив, па со нетрпение ги очекуваме.

Научниците велат дека се’ уште не очекуваат многу откритија во Западна Австралија бидејќи има толку разновиден спектар на живеалишта и секое од нив заслужува внимание.

Оваа статија првично е објавена во „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: