За прв пат – Вештачка интелигенција победи човечки пилоти во симулирана воздушна битка

Пензионираниот полковник на американските воздухопловни сили, Џин Ли, неодамна се натпреваруваше со „ALPHA“ – вештачка интелигенција развиена од страна на Универзитетот во Синсинати, во симулатор на воздушна битка, и загуби!

Всушност, сите други вештачки интелигенции и сите човечки експерти кои се натпеварувале со „ALPHA“ изгубиле.

Џин Ли е инструктор кој има тренирано илјадници воени пилоти на САД, а воедно и пилот на воздушни битки кој се бори против вештачка интелигенција во симулации на воздушни битки уште од 1980-тите години. Но, сепак, не успеал да ја победи вештачката интеигенција „ALPHA“ која со помош на своите алгоритми може да пресметува стратегии врз основа на движењето на противникот 250 пати побрзо отколку што човекот може да трепне – брзина која и дава непобитна предност во борба каде што е потребна мешавина од напредни вештини во воздушна физика и интуиција.

Тимот кој стои позади развојот на оваа интелигенција вели дека „ALPHA“ ќе биде важна предност доколку се спои со флота на човечки пилоти, бидејќи може брзо да го одреди најоптималниот начин за да се изврши задачата под команда на човечките пилоти, да планира точни стратегии, како и да обезбеди тактички и ситуациски совети за време на летот.

Тимот планира да продолжи да ја развива „ALPHA“, да ги зголемува нејзините способности и да изврши дополнителни тестирања против други тренирани пилоти. Со оглед на тоа што „ALPHA“ веќе е смртоносен противник во овие симулирани средини, ова покрева загриженост кај некои експерти кои велат дека ова може да е почетокот на ера на автономија на вештачката интелигенција во воздушните битки.

https://www.youtube.com/watch?v=8JpzYm1GPwc

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.