Запознајте го најголемиот диносаурус кој некогаш живеел на Земјата (ВИДЕО)

Сер Дејвид Атенбороу е познат по своите документарни филмови за животинскиот и растителниот свет со кои ги носи гледачите дури до најдалечните рабови на светот. Сега, љубителите на природната историја може да му се придружат во патувањето назад во времето на најголемиот диносаурус кој некогаш живеел на Земјата – Титаносаурусот.

titanosour-data

На првото видео ќе може да го видите титаносаурусот како оди низ шума, во виртуелна реалност со перспектива од 360 степени, додека Атенбороу го претставува, додека на второто видео зборува за неговото срце.

Титаносаурусот бил тежок околу 70 тони, долг околу 40 метри и висок колку една пет-катна зграда.

Видеата се дел од програмата на „BBC“ која е наречена „Атенбороу и џиновскиот доносаурус“.

Поддржете ја нашата работа: