Запознајте го најголемиот велосипед на светот

Користејќи тракторски гуми и отпаден челик, Германецот Френк Дозе изработил велосипед кој тежи 940 килограми. Тој планира со него да постави нов Гинисов рекорд за најтежок велосипед кој може да се вози.

gallery-1472479424-germany-big-bike-benn-1Велосипедот на Дозе со својата тежина веќе го надминува сегашниот Гинисов рекорд за најтежок велосипед, кој изнесува 860 кг. Но, 49-годишниот Дозе од Шлезвиг-Холштајн вели дека сака да ја зголеми тежината на велосипедот на 1.200 кг. пред обидот со него да помине 200 метри во сабота.

Дозе почнал да го изработува велосипедот во март. Гумите на велосипедот се со дијаметар од 1,53 метри и наводно се покажал изненадувачи лесен за возење.

ap-behemoth-bike-german-eyes-world-record-for-heavy-pedaling

Поддржете ја нашата работа: