Запознајте го ова домородно племе во Амазонија кое е целосно недопрено од модерната цивилизација

Племето Моксхихатетема (Moxihatetema), кое брои нешто повеќе од 100 луѓе е едно од трите Јаномами групи од домородно население што живеат во резерватот Јанамами. Овој резерват претставува огромна област од густи дождовни шуми и планини на северот на Бразил и во јужна Венецуела.

Со површина од 9,6 милиони хектари, територијата Јаномами во Бразил е два пати поголема од Швајцарија, а популацијата брои приближно 22.000 во Бразил и 12.000 во Венецуела.

Бидејќи досегашните обиди директно да се стапи во контакт со ова племе биле дочекани со голем отпор, напредокот и безбедноста на племето се надгледуваат од воздух.

Екстремната изолација го заштитила племето од надворешните болести како што е маларијата, но тоа прави и нивните населби многу тешко можат да се лоцираат одозгора преку густи дождовни шуми.

Овој пат било потребно повеќе од една година да се лоцира нивното подвижно село и за цело време експертите стравувале дека заедницата била сериозно загрозена од инвазијата на дивите копачи на злато.

1

5

2

Колку сериозна закана претставуваат овие диви копачи за опстанокот на една од најизолираните и најстарите човечки заедници на Земјата зборува податокот дека во 1993 копачите убиле 16 Јаномами луѓе – најголем број бебиња, мали деца и стари лица и до темел го запалиле нивното село, недалеку од Хаксиму во Бразил.

Нејасно е што го поттикнало овој конфликт – познат и како Хаксиму масакaр, помеѓу Јаномамите и копачите, но со ова бил означен почетокот на една многу сериозна опасност што во 1987 година во Бразил ја донесе златната треска.

И покрај тоа што племето живее во области кои се заштитени од владата, според групата за заштита на правата на домородците „Survival International“, областа е окупирана од над 5.000 диви копачи.

Загриженоста расте и со кратењето на буџетот што локалните власти го издвојуваат за заштита на ова, како и на другите племиња во Бразил, што може да доведе до нивно драстично намалување.

Единствена надеж претставува тоа што изгледа дека племето всушност сепак се зголемило. Ова го покажуваат неодамнешните слики на кои може да се забележи дека на кружното заедничко живеалиште се додадени два нови сламени покриви, од времето кога последен пат се снимени. Ова е добар знак, што покажува дека надворешните болести не ја погодиле оваа мала заедница.

3

Објавата на фотографиите може да се смета како нарушување на приватноста на оваа изолирана заедица, но истражувачите се надеваат дека со ова ќе подигнат поширока свесност за опасноста со која се соочуваат овие луѓе, како и за очајната потреба од подобра контрола на дивите копачи во областа.

4

„Овие извонредни фотографии се уште еден доказ за постоењето на овие сѐ уште недостапни заедници. Очигледно е дека тие се совршено способни успешно да преживеат без да имаат потреба од надворешните „прогресивни“ и „развиени“ народи. Сите овие племиња ќе се соочат со катастрофа, доколку нивната територија не биде заштитена. Ние правиме сѐ што е во наша моќ да ја зачуваме нивната земја и да им дадеме шанса сами да одлучуваат за својата иднина“ – вели директорот на „Survival International“ Стивен Кори во соопштението за печатот.

Поддржете ја нашата работа: