Заштитна опрема инспирирана од природата

Работниците во прозводните погони на BMW, наскоро би можеле да почнат да носат заштитна опрема чија структура и дизајн се направени по примери од природата.

Технологијата која е наречена „Bio-Inspired Safety Systems (BISS)“ во  изминатите три години се развива од страна на конзорциум од седум компании, каде  покрај BMW се вклучени и Адидас и неколку универзитети од Германија.

Инспирацијата за новите производи ја добиваат од решенијата до кои дошла самата природа. Меѓу нив е и заштитната кацига, направена по углед на помело-плод од семејството цитруси, кој откако ќе падне од голема височина од дрвото или останува цел, или барем неговата внатрешност не е многу оштетена.

Резултат на овие истражувања се бројни прототипови на заштитана опрема меѓу кои и кацигата која е 20 проценти полесна, но поцврста и поиздржлива од постоечките конвенционални материјали. Оваа технологија би можела да се примени и од старана на производителите на спортска опрема за изработка на кациги кои се користат во разни спортски активности, како велосипедизам и скиање.

Покрај ова во рамките на проектот се истражуваат и крлушките од рибите и заштитната кожа-оклоп на алигаторите. Во BMW сметаат дека оваа технологија би можела да се искористи во нивните фабрики за изработка на ракавици и друга опрема за заштита на изложените делови од телото на работниците во производството и спречување на повреди предизвикани од острите делови од возилата во текот на нивната монтажа.

 

 

 

Поддржете ја нашата работа: