Заврши паузата во глобалното затоплување

Во периодот од 2000 до 2013 година, и покрај зголемувањето на стакленичките гасови, растот на температурата на океанските површини стагнирал. Овој период, познат како „пауза од глобалното затоплување“ (Global Warming Hiatus), предизвикал голем интерес од јавноста и научниците. Меѓутоа, според анализите на податоците, од април 2014 година, загревањето на океаните повторно започнало.

„Загревањето на океаните во 2014 година се должи главно на северниот Пацифик, кој се затопли најмногу досега“, објаснува Тимерман. Тој ги опишува настаните кои доведоа до ова: температурите на северниот Пацифик започнаа да се затоплуваат необично брзо уште во јануари 2014 година. Неколку месеци подоцна, во април и мај, западните ветрови донесоа огромно количество на многу топла вода, која обично се наоѓа во западниот Пацифик, по должината на еквадорот во источниот Пацифик. Оваа топла вода се рашири покрај брегот на Северна Америка, ослободувајќи огромно количество на топлина во атмосферата“.

„Рекордната концентрација на стакленички гасови и слабите ветрови во северниот Пацифик, кои обично ја ладеле површинта на океанот, дополнително придонеле за порастот на температурите на океаните. Топлите температури сега се протегаат северно од Папуа Нова Гвинеја до Заливот на Алјаска “, вели Тимерман.

Сегашните рекордни податоци покажуваат дека заврши 14-годишната пауза во глобалното затоплување.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.