Повеќе од 8,3 милијарди тони пластика се произведени од 1950-тите години, а поголемиот дел е од тоа сѐ уште се наоѓа во депониите или во нашата животна средина.
Вкупната количина на досега произведената пластика е еднаква на тежината на 25.000 облакодери „Empire State Buildings“ во Њујорк, или колку една милијарда слонови.
Една студија што го следи производството и дистрибуцијата на пластиката од почетокот на нејзиното масовно производство, открива дека до сега се произведени над 8,3 милијарди тони пластика, од кои до 2015 година се создадени 6,3 милиони тони плстичен отпад. Од тој отпад, околу 9% се рециклирани, 12% се согорени, додека 79% се акумулирани на депониите или во животната средина.
Доколу овој тренд продолжи, до 2050 година, приближно 12 милијарди тони пластичен отпат ќе се најде на депониите, но и во животната средина, зафаќајќи ги и океаните.
Според студијата што е објавена во списанието „Science Advances“, произвоството на пластика се зголемиило од 2 милиони тони во 1950 на над 400 милиони тони во 2015 година.
Темпото на производство на пластика не покажува знаци на забавување. Од вкупното количество произведена пластика од 1950 до 2015 година, речиси половина е произведено во последните 13 години.
Во 1960 година, пластичниот отпад сочинувал само еден процент од вкупниот отпад во депониите, додека во 2005 година достигнал 10 проценти.
„Забрзано станувуваме „Планета Пластика“ и ако не сакаме да живееме во таков свет, тогаш ќе мора да размислиме на кој начин ги користиме материјалите, особено пластиката“- вели Роланд Гејер, професор на калифорнискиот Универзитет Санта Барбара.