Зошто треба веднаш да наравите апдејт на вашиот iPhone ?

Apple вчера објави нова надградба на iOS  т.е. верзијата 9.3.5. која би требало веднаш да ја преземете бидејќи содржи важни мерки за заштита.

Ова апдејтување доаѓа откако „iPhone 6“ на активистот  за човекови права  Ахмед Менсур, кој се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати , бил хакиран преку три претходно непознати експлоити , кои му овозможуват на напаѓачот да го шпиунира телефонт од далечина.

Според  безбедносната фирмата „Lookout“

Овој напад му  овозможува на непријателот  тивок упад во iOS уредот , со што жртвата незабележливо се шпиунира преку собирање на податоците од апликациите , како Gmail, Facebook, Skype, WhatsApp, Calendar, FaceTime, Line, Mail.Ru и останатите.

Добра вест е што ова не е секојдневно хакерско оружје. Експлоитите што се користени во овој упад се ретки , а информациите за нив можат да достигнат и по неколку милиони долари на црниот пазар.Хакерите кои  го извршиле нападот на телелефонот на Менсур се  добро финансирани , можеби , поддржани од Обединетите Арапски Емирати и веројатно се концентрирани на  поважни цели.

Сепак , апдејтувањето  е лесно – само одете на Settings > General > Software Update,  и не е лошо веднаш да го направите.

Поддржете ја нашата работа: