Вакцина против рак успева да го запре растот на туморот

pixabay

Турските научници Угур Шахин и Озлем Туречи, ко-основачи на BioNTech, компанијата која се прослави со својата вакцина против Ковид за време на пандемијата COVID-19, објавија дека вакцината против рак што ја развивале можела да го запре растот на туморот и да ја намали неговата големина, објави Hurriyet Daily News.

Споделувајќи ги ветувачките први резултати од нивната вакцина, на која работат 15 години, на конгресот на Европското здружение за медицинска онкологија (ESMO) во Мадрид, Шахин и Туреји рекоа дека вакцината била администрирана во четири дози на група од 44 пациенти, што резултирало со најмалку 30 проценти намалување на големината на туморот, кај 59 проценти од учесниците.

Неверојатно, кај 95 отсто од учесниците во испитувањето, ракот се стабилизирал и престанал да напредува по режимот на вакцини, изјавил Сахин.

Несакани ефекти од вакцината се појавиле кај 23 лица, а станувало збор само за намален крвен притисок и покачена телесна температура.

Амбициозната визија на Biontech вклучува лекување на приближно 10.000 пациенти со рак до 2030 година.

Шахин претходно изјави дека развиените лекови за рак на компанијата би можеле да се најдат на пазарот во рок од неколку години.

Тој додаде дека испитувањата на лекови развиени од Biontech против рак на белите дробови, панкреасот и дебелото црево, исто така, продолжуваат со охрабрувачки развој.

Поддржете ја нашата работа: