(ВИДЕО) Автобуси без возачи на патиштата на Јужна Кореја

snapshot youtube

Главниот град на Јужна Кореја, Сеул, ја започна својата прва автобуска маршрута со автономни автобуси како дел од експериментот за кој инженерите објаснуваат дека има цел да ги натера луѓето подобро да се приспособат на возилата без возачи.

Новото автономно возило не личи на обичен автобус. Има заоблени рабови и огромни прозорци што прават да изгледа повеќе како автобус-играчка отколку како технолошка иновација.

Според Јеонг Сеонг-гјун, извршен директор на компанијата „42дот“, обликот на автобусот намерно е таков за да го направи попријатен за луѓето. Оваа технологија за самоуправување сега е во сопственост на автомобилскиот гигант „Хјундаи“.

– Ова е иднината – вели Јеонг Сеонг, додавајќи дека автобусот барал значителен нов тип на дизајн.

– Автобусот изгледа како „лего“ и е направен од композитни делови за да помогне да се намалат трошоците – вели тој.

Сеонг истакна дека наместо скапи сензори, возилото користи камери и ласери за да се движи по својата маршрута.

Целта на компанијата беше да ја направи технологијата прифатлива, безбедна и лесно приспособлива за многу видови возила во иднина, како што се камионите за испорака.

Засега, автобусот ќе има кратка маршрута од 3,4 километри во центарот на Сеул под строг надзор на безбедносен возач. Патувањето трае околу 20 минути.

Дополнително, пошироката јавност може да се качи на две однапред одредени постојки откако ќе резервира бесплатно место преку апликација.

Поддржете ја нашата работа: