На околу 70 километри од Краков, во југоисточна Полска, се наоѓа село познато по својата долга традиција – украсување куќи, ѕидови, мостови и бунари. Жителите на Залипје го бојадисуваат селото со разни бои, а на речиси сите цртежи има цвеќиња.
Сѐ започнало пред повеќе од еден век, кога еден од селаните, сакајќи да ги покрие саѓите од шпоретот, насликал на таванот цвеќиња. Наскоро целото село било „посипано“ со цвеќиња – од секоја куќа, штала и црква се гледале цвеќиња.
Жителите на Залипје денес имаат годишен натпревар кој ја слави оваа традиција. Локалните сликари, сè уште претежно жени, се натпреваруваат да создадат сложени цветни украси, а исто така ја користат можноста да ги „поправат“ сликите од претходните години.
Поддржете ја нашата работа: