Двајца кинески астронаути завршија деветчасовна мисија надвор од вселенската станица Тиангонг, соборувајќи го претходниот рекорд на вселенска прошетка, пишува „The New York Times“.
Податоците на НАСА покажуваат дека претходниот рекорд, поставен од страна на американски астронаути е осум часа и 56 минути, поставен во 2001 година.
За време на престојот во вселената, кинеската мисија требаше да постави штитови на вселенската станица за да ја заштити од вселенски отпад и да прегледа различни инструменти.
Продолжените вселенски прошетки се овозможени со новите дизајни на вселенски одела.
Вселенската станица Тиангонг е клучна компонента на кинеската вселенска програма со екипаж. Станицата во форма на буквата – Т се состои од еден централен и два лабораториски модула. Во моментов на станицата има тројца астронаути кои пристигнаа во октомври на шестмесечен престој.
Кина се стреми кон водечка улога во истражувањето на вселената. Неодамна изврши неколку мисии на Месечината и слета ровер на Марс.