(ВИДЕО) Три пати околу светот без ремонт! Ѕвездата на „мерцедес“ слави 100 години!

Ѕвездата на Mercedes е веројатно една од најпрепознатливите заштитни знаци во светот. Каква што ја знаеме денес, дебитираше пред 100 години.

Се враќаме во 19 век. Уште во 1899 година, кога австрискиот бизнисмен, Емил Јелинек, го основал брендот по името на ќерка му – Мерцедес и го ставил на возилата Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG). Во 1902 година и официјално го регистрирал името.

Подоцна, на 5 ноември 1921 година, пред точно 100 години, од Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG) поднесле барање до канцеларијата за патенти за заштита на модифициран модел што претставувал ѕвезда затворена во круг.

Биле потребни до 2 години за да се регистрира дизајнот. Конечно, во 1923 година, тој бил официјално одобрен и почнал гордо да ги украсува предните делови на тогашните модели.

Најчесто, логото било поставено на врвот на ладилникот, но набрзо се појавило и на другите делови.

По воспоставувањето на заеднички интереси меѓу Benz и Daimler како дел од корпоративното спојување во 1924 година, амблемите на двата најстари производители на автомобили стоеја рамо до рамо. Една година подоцна, тие беа комбинирани во форма на трокрака ѕвезда со ловоров венец и натпис Mercedes-Benz.

Оваа форма на обележување на автомобилите на Daimler е позната до денес. Сепак, најпрепознатлив и најчесто користен дезен е ѕвездата во кругот, јасно поврзана со брендот од Штутгарт.

https://youtu.be/kRHwglTFtd4
Поддржете ја нашата работа: