Импресивен напредок: Иако станува збор за само редизајниран модел од 2013та година, С класа носи спектакуларни новитети со кои се издига чекор напред пред своите конкуренти.
После четири години S-Class е редизајниран. Додека оптички многу дискретно, во технички поглед Мерцедес ни подготви огномет.
С класата направи уште еден чекор кон потполно самостојното возење. Автомобилот, со помош на мапи, радар и камери ја препознава околината и автоматски ја прилагодува брзината, не само во сообраќај, туку и на кружните текови и раскрсници. Автоматски ја менува и лентата, а за тоа е потребно само да ја помрднете рачката на трепкачите.
Светска новина е Curve функцијата за активна стабилност во свиоци. Аудио системот има 1520 вати, а во понуда е и составот за далечинско паркирање со помош на паметен телефон.
С класата доаѓа со четити потполно нови мотори, дизел мотор со шест цилиндри и 286, односно 340 КС и бензински модели со 469 и 612 КС. Топ моделот има 630 КС.

































