Традиционалното „запросување“ невеста, се прави така што момчето клекнува на колено и ѝ го дава прстенот на својата избраничка. Но, како дошло до тоа дека партнерот треба да клекне пред девојката?
За жал, не постојат потврдени теоретски извори околу овој романтичен гест, но постојат неколку теории за кои се верува дека се точни.
Во Средниот век витештвото сѐ уште не било мртво и официјален чин за почит кон владетелот и кон дамите било клекнувањето на колено, што е претставено и во многу уметнички дела.
Таквиот пристап може да се најде и во религијата. Верниците за да ја искажат почитта кон Бога клекнуваат за да покажат понизност и воодушевување.
Затоа, кога на својот сакан ќе му кажете – ДА, знајте дека тој ви ја покажува средновековната симболика за чест, почит и вечна љубов.