Token – Биометриски прстен кој ќе олесни вашиот живот

Token е биометриски паметен прстен е гаџет, производ на компанијата Tokenize со кој слободно може да одите на пливање, со негова помош можете да плаќате јавен превоз како со картичка, да отклучувате врати, да го стартувате автомобилот, да се логирате на компјутер и слично.

Иако многу работи денес може да се постигнат со употреба на смартфон или паметен часовник, Token има намена да ги замени сите нив со уред каде што сигурноста и податоците на корисникот ќе бидат заштитени.

Прстенот е со димензии од 9.0мм x 2.5мм, а работи на начин на кој го потврдува идентитетот на корисникот со помош на скенер за отпечаток од прстот, што се наоѓа на неговата внатрешна страна. Кога прстенот ќе се стави на прстот, скенерот го потврдува идентитетот, а IR оптичкиот сензор следи дали прстенот и натаму се наоѓа на прстот на истото лице. Но, кога ќе се извади од прстот, корисникот одново ќе треба да го потврди својот идентитет преку скенерот.

Препознава само еден отпечаток од прст. Во него можете да ставите податоци за кредитни картички, кориснички имиња и лозинки и да додавате нови профили со помош на апликацијата. Освен комбинацијата отпечаток од прст и инфрацрвен сензор Token користи безбедносен елемент со сертификат EAL5+. Сигналот што го испраќа со помош на Bluetooth и NFC го пррпознаваат повеќе различни уреди.

Овој модел чини 249 долари, а доколку ја сакате опцијата за отклучување на домот или автомобилот, се доплаќа дополнителни 100 долари. Засега достапен е во три бои.

enauka.mk
9,249наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,312денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.