(ВИДЕО) Во што ја претворивме Земјата за помалку од 40 години?

И покрај фактот дека сè уште има такви што ги оспоруваат климатските промени, сликите снимени од Google Earth од 1984 година до денес ги покажуваат нивните разорни ефекти.

Покрај тоа, не е дискутабилно што најголемите еколошки промени во историјата на планетата Земја се забележани во последните 40 години.

Видеото објавено од Google Earth покажува како се менува планетата од 1984 година. Можно е да дознаете корисни информации за резултатите од климатските промени, како што е, на пример, повлекувањето на глечерот Колумбија на Алјаска, што се менува најбрзо од сите глечери во светот. Покрај тоа, видливо е дека дождовната шума во Амазон исчезнува и се претвора во села и фарми, пишува Science Alert.

На веб-страната на Google Earth можно е да се видат промените.

Ова видео јасно покажува колку се менува убавата природа поради влијанието на луѓето и климатските промени.

Поддржете ја нашата работа: