Гласовните твитови се најновата опција на „Твитер“

Преку опцијата за гласовни твитови, платформата ќе додаде „човечки фактор“ во процесот на користење.

Наскоро сите корисници на „Твитер„ ќе може да витаат гласовни твитови, соопшти компанијата неделава. Корисниците ќе имаат опција да споделат аудио објави долги 140 секунди директно на нивниот „ѕид“, заедно со дополнителен текст, слики, видеа и гифови.

Компанијата во својата блог објава соопштила дека преку оваа нова опција се додава поголем „човечки фактор“ во користењето на апликацијата.

„Постои голема недореченост и неточна интерпретација при твитањето користејќи само текст, па се надеваме дека гласовните твитови ќе придонесат кон почовечко искуство за слушателите и раскажувачите. Без разлика дали станува збор за средба со дива патка, новинарски текстови или известување од протест, се надеваме дека гласовните твитови отворат можност за брзо споделување на перспективите“, стоело во соопштението.

Поддржете ја нашата работа: