Колкава е веројатноста дека сте замислувале како изгледа був без перја? Најверојатно никаква. За тоа се запрашала една американска твитерџика и интернетот и одговорил, пренесува порталот „IFLScience“.
Дана Шварц очигледно е премногу љубопитна, но и храбра штом на Гугл пребарувачот ги напишала, сега веќе бесмртните зборови “како бувот изгледа без перја”. Нејзината објава на Твитер за брзо време стана вирална и предизвика бран на реакции.
На приказната не е крај. Интернетот на Дана и овозможил уште информации.
Овие фотографии всушност покажуваат чудо на природата. Сега, не само што знаеме колку е малечко телото на бувот, туку и дека тој има премногу перја кои го покриваат.
Џефри Мисах, заменик-директор на организацијата “Светилиште на птиците од светот”, за „BuzzFeed“ потврдил дека овие примероци прикажани на сликите се младенчиња од був.
“Птицата во средина е младенче на був без перја. Всушност, тоа е одличен пример за тоа како перјата го менуваат изгледот на една навидум мала птица”, вели Мисах.
Интернетот и неговите корисници се непредвидливи во секој случај. По примерот на објавата на Дана, други твитерџии пронашле уште фотографии на голи животни. Најинтересна е фотографијата на бескожниот еж.