Зошто авокадото е добро за срцето

Резултатите од нова студија објавена во стручното списание Journal of the American Heart Association покажале дека консумирањето половина авокадо два пати неделно, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 16 проценти, додека ризикот од срцеви болести за 21 отсто.

Се смета дека оваа студија нуди дополнителни докази дека внесот на незаситени масти од растително потекло може да го подобри квалитетот на исхраната и дека е важна компонента во превенцијата на кардиоваскуларните болести кај општата популација.

Инаку, авокадото е богато со прехранбени влакна, незаситени масти како мононезаситени масти (здрави масти) и други компоненти кои што се поврзани со доброто кардиоваскуларно здравје.

Што се однесува на мозочниот удар, се покажало дека ризикот од мозочен удар не се променил, без оглед на тоа колку авокадо консумирале испитаниците.

Поддржете ја нашата работа: