Претходните докази покажуваат дека животот на повисоки надморски височини води до подолг животен век на луѓето. Научниците од Медицинскиот факултет „Харвард“ сакаа да знаат зошто.
Во студијата објавена оваа недела, спроведена на глувци, доказите покажаа дека ограничувањето на протокот на кислород доведува до значително подолг животен век. Истражувачите ставиле глувци во две комори. Една група глувци биле во комора со нормално ниво на кислород; а другата група биле во дел со ниво на кислород еквивалентно на Монт Еверест. Глувците вклучени во студијата генерално имале краток животен век.
Групата глувци со ограничен кислород живееле во просек 24 недели, во споредба со 16 недели на оние што доживеале нормално ниво на кислород. Исто така, медицинскиот факултет „Харвард“ открил дека максималниот животен век за глувците со ограничување на кислородот е околу 30 отсто подолг.
Исто така, истражувачите забележале дека глувците ограничени со кислород ја зачувале невролошката функција подолго.
– Епидемиолошките студии навестуваат дека популациите што живеат на повисоки надморски височини имаат тенденција да живеат подолго и да останат поздрави како што стареат. Сакавме да тестираме дали во поконтролирано опкружување се чини дека ограничувањето на кислородот го прави истото кај нашиот модел на стареење на глувците – вели Вамси Мута, еден од авторите на студијата.
Истражувачите не го намалиле атмосферскиот притисок на комората ограничена со кислород. Наместо тоа, тие замениле дел од кислородот со азотен гас.
Медицинскиот факултет „Харвард“ и авторот на студијата Роберт Роџерс велат дека идните студии треба да испитаат дали ограничувањето на кислородот може слично да го продолжи животниот век кај останатите глувци во дивината, треба да се обидат да дефинираат кои механизми би можеле да бидат одговорни за ефектите на ограничениот кислород што го продолжува животот и да утврдат дали овие механизми влијаат врз сите органи.
Во 2011 година Националниот институт за здравје објави податоци кои открија дека мажите што живеат на 1.500 метри надморска височина живеат во просек од 1,2 до 3,6 години подолго од оние што живеат на 100 метри надморска височина. Жените што живеат на голема надморска височина живеат во просек од 2,5 до 5 години подолго.
Извор: 10news.com