ИСТРАЖУВАЊЕ: Кои се најлоши денови во неделата? Понеделник или…

Ако ги прашате луѓето, со сигурност ќе ви речат дека понеделник е најтешкиот ден во неделата, а причините за тоа се јасни: ова е прв ден после викендот, присилени сме да станеме рано и да работиме цела недела за два дена слобода. Но, без оглед на недостатоците на понеделникот, истражување потврдува дека постојат полоши денови во неделата, а тоа се вторник и среда.

Но, еве како секој ден од неделата влијае на нашето расположение и продуктивноста.

  • Понеделник

Психолозите веруваат дека понеделник всушност и не е толку лош ден, а стресните мисли за него поминуваат штом се надмине мрзеливоста и се продолжи со секојдневните актвности. Стручњаците советуваат да се замени искривената перцепција за првиот ден во неделата, со префрлање на мислите во позитивна насока. На пример, замислете како ќе се дружите со колегите, ќе раскажувате како ви поминал викендот и едноставно ќе уживате во почетокот на новата работна недела.

  • Вторник

Во студија објавена во списанието Science, психолози од Универзитетот Корнел, анализирале над 500 милиони твитови ширум светот, кои потврдиле дека во вторник, луѓето изразуваат најнеповолни чувства. Вторник, исто така е најлош ден и според резултатите од истражувањата на Gallup-Healthways Global Well-Being Index. Според илјада испитаници, вторник се смета за најдолг и многу стресен ден во неделата, кога веќе сме уморни од понеделникот, а до викендот има ште четири дена. Истражувањето покажало дека многумина сметаат дека најважно во вторникот да се фокусира на обемот на работата и планирање на остатокот од неделата.

  • Среда

Се чини дека среда е пресвртна точка, врв на неделата, од каде што може да се види светлина на крајот од тунелот. Но, не е се така едноставно. Според истото истражување, продуктивноста паѓа во среда, а според психолозите, до средината на неделата стресот се акумулира од разни проблеми кои ги имаме секој ден. Значи, среда е вториот негативен ден во неделата. Единствен излез е игнорирање на стресот и постепено решавање на проблемите.

  • Четврток

Во четврток, според психолозите, се зависи од степенот на вашиот замор. Можеби сте толку емотивно истрошени, што само можете да работите механички. Но, навечер, расположението има тенденција да се подобри, бидејќи почнува одбројувањето до викендот.

  • Петок

Од очигледни причини, петокот ги прави срцата распеани. Ова е последниот чекор во напорната недела и последна препрека до долгоочекуваниот викенд. Петокот е омилен ден за многумина, освен за работодавците, бидејќи во петок вработени минимално работат.

  • Сабота

Во сабота се е можно! Уживате во слободата на првиот ден од викендот: може да останете до доцна во кревет и да почувствувате дека владеете со времето. Научниците од Универзитетот во Сиднеј разговарале со околу 3.000 луѓе, истражувајќи го односот според деновите во неделата и утврдиле дека во петок навечер и во сабота, луѓето се чувствуваат најдобро, бидејќи тогаш времето си го посветуваат само на себе. Професор Чарлс Арени, кој ја водел студијата, рекол дека преку викендот треба добро да се одморите, за наредната работна недела да не ви изгледа уште подолга.

  • Недела

Недела е ден кој потсетува на детството. Останувате долго во кревет, имате време да направите сѐ што сакате и никаде не брзате. Но, како одминува денот, сѐ повеќе не депримира фактот дека следува почеток на работната недела.

Едноставниот заклучок е: односот кон деновите во неделата е поради фактот што луѓето во целина се чувствуваат посреќно кога слободно избираат што треба да работат и не чувствуваат стресен распоред на секојдневниот живот.

Затоа има смисла да се ужива во викендот, без планирање на дополнителни работи и достигнувања: така ќе акумулирате повеќе позитивни емоции за да ги надминете најтешките работни денови.

Поддржете ја нашата работа: