„Првиот симптом е жолтата промена на бојата на белката во окото, потоа на кожата, урината е со темна боја (слична на пивото), столицата е светла, а децата се чувствуваат слаби. Исто така, некои имаат и губење на апетит, повраќање, дијареја и треска“, објаснува за РТС д-р Анета Јовановиќ, раководителка на педијатриско одделение и заменик-директорка на Здравствениот дом „Палилула“.
Во Србија засега нема ниту еден случај на ваква зараза. Докторката укажува дека родителите треба да ги предупредат децата за хигиена на рацете, како и да ги мијат храната, овошјето и зеленчукот што се консумираат.
Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци.
На потребата од поголема хигиена пред неколку дена укажа и професорот д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.
„Укинувањето на сите против епидемиски мерки не значи дека треба да престанете да ги миете рацете!!! Амбулантите и Клиниките се преплавени со стомачни вируси (Rotavirus, Picorna, Coxsackie, Hepatitis A) проследени со многубројни проливи, стомачни болки, температура, дехидратација, поспаност. Миењето раце и одржувањето на личната хигиена спасуваат повеќе животи од сите антибиотици заедно!!!“, напиша докторот на Фејсбук.