Кометата која последен пат поминала крај Земјата додека по неа оделе неандерталци како пралуѓе повторно ќе помине крај нашата планета на 1 февруари 2023 година.
Станува збор за кометата C/2022 E3 /ZTF/, која последен пат била видена пред 50.000 години. Таа на почетокот на февруари ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 41,8 милиони километри. Моментално е оддалечена од Земјата околу 178 милиони километри.
Иако е прилично стара за моменталното сметање на времето, официјално е откриена дури во март минатата година. Како што пренесува Daily Mail, научниците велат дека кометата има зелена боја и жолта опашка составена од прашина.
Астрономите велат дека кометата, кога ќе поминува крај Земјата, ќе биде видлива со голо око под услов тоа да го дозволат временските услови на 1 февруари.
Последната комета видена со голо око беше кометата Novis, која одушеви многу љубители на астрономијата во јули минатата година.