Откриен астероид кој вечерва ќе удри во атмосферата на Земјата: „Луѓето ќе можат да видат спектакуларна огнена топка!“

Астероид со дијаметар од еден метар ќе удри во атмосферата на Земјата по полноќ по локално филипинско време, објави Европската вселенска агенција во соопштението на платформата X. Ова треба да се случи токму во четврток во 1:08 часот по локално време (19:08 часот вечерва по наше време).

Споменатиот астероид е откриен дури утрово од опсерваторијата Catalina Sky Survey во Аризона, која е специјализирана за откривање комети и астероиди. Интересно е и тоа што ова е само деветтиот астероид кој човештвото досега успеало да го открие пред да удри во атмосферата на Земјата.

 

enauka.mk
9,237наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,922денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.