Група кинеските научници го направија првиот автомобил што можете да го контролирате со помош на вашите мисли.
Овој автомобил на мозочен погон може лесно да се управува со помош на опрема за читање сигнали од мозокот. Главната цел на истражувачите од Универзитетот Накаи од градот Тианин во Кина била да направат возило за луѓе кои не можат сами да се движат и да возат автомобил. Без поместување на рацете или нозете, возачот може да го движи овој нов изум напред или назад, да го запре, да го отклучи или да го заклучи.
Опремата содржи 16 сензори кои ја снимаат електричната активност на мозокот на возачот. Собраните податоци минуваат низ специјално дизајнирана програма која ги филтрира сигналите и ги преведува, овозможувајќи управување.
Меѓутоа, меѓу истражувачите постои страв од можни сообраќајни несреќи кога возачот ненадејно би бил вознемирен додека управува со автомобилот. Сепак, водачот на проектот, професорот Дуан Фенг, уверува дека овие стравови се неосновани бидејќи човечката концентрација е неопходна само кога возило врти или се менува лентата. Како и да е, прашање е дали корисниците би можеле да ѝ веруваат на апликацја која го контролира автомобилот наместо самите тие.
Дуан тврди дека целта на технологијата е да им служи на луѓето и верува дека овој производ наскоро би можел да се комерцијализира. Засега ова возило не се планира да се пушти во производство во блиска иднина.