Ракетата “Сојуз” е лансирана со 36 сателити кои се производ на британската компанија OneWeb.
Станува збор за сателити кои се приклучуваат кон групата мали сателити дизајнирани да ја зголемат мрежната покриеност низ целиот свет, пишува Би-Би-Си.
Руската вселенска агенција Роскосмос преку Твитер ја информираше јавноста за полетувањето на вселенското летало.
Од лансирањето од космодромот „Восточни“ во југоисточна Русија беа објавени и повеќе фотографии и снимки. Ова е петти ракетен полет на „Сојуз“ оваа година.
Во орбитата на Земјта моментално се наоѓаат околу 650 OneWeb сателити кои се дел од проектот, започнат во 2019 година. Целта е да се обезбеди ефтин пристап до интернет со голема брзина во сите делови на светот, дури и во области со слаб или никаков пристап.