Луѓето кои имаат О крвна група имаат помал ризик да се заразат со вирусот SARS-CoV-2

И покрај тоа што најголемите фактори на ризик за инфекција со Ковид-19, како и развој на потешки симптоми се возраста и некои потешки болести, како што се малигни заболувања, дијабетес или висок крвен притисок, научниците откриле дека оние со нулта крвна група имаат поголема веројатност да се заразат за разлика од другите крвни групи.

Во студија објавена во „Annals of Internal Medicine“, експертите анализирале податоци од 225.556 испитаници од Канада со просечна возраст од 54 години за да видат дали крвната група или rh факторот влијаат на веројатноста за инфекција со коронавирус или развој на посериозни симптоми на болеста.

Откриле дека крвната група 0 и негативниот Rh фактор се поврзани со малку помал ризик од инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 и тешка болест.

Нулта крвна група имала 2,1% веројатност да се зарази со вирус САРС-КоВ-2, или најниска неприлагодена веројатност од сите крвни групи. Паралелно со тоа, најголемата неприлагодена веројатност за инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 била крвната група Б со 4,2%.

Ова би значело дека оние со крвна група 0 имаат 12% помали шанси да се заразат со ковид-19 отколку оние со А, АБ или Б – пишува Ројтерс, и 13% помал ризик од смрт.

Други студии исто така покажаа поврзаност помеѓу нашата генетика или крвна група и веројатноста за инфекција со ковид-19. Студија објавена во јуни на medRxiv, која ги анализирала податоците од пациентите во Шпанија и Италија, открила дека оние со крвна група А имаат 50% поголем ризик од развој на сериозни симптоми, како што се потреба за кислород или респиратор.

Дополнително, една студија од ноември 2020 година објавена во списанието Nature, исто така, покажа дека крвната група влијае на ризикот од инфекција со ковид-19. Истражувачите анализирале податоци од 14.112 пациенти во Њујорк и откриле дека оние кои немаат крвна група 0, имаат малку поголема веројатност да бидат заразени со ковид-19.

Од друга страна, тие открија дека оние со крвна група А имаат помал ризик од интубација или смрт во споредба со крвната група 0, при што групата АБ има најголем ризик од посериозни форми на болест и смрт. Што се однесува до групата Б, луѓето со таа крвна група имале поголем ризик од интубација во споредба со оние со крвна група 0, но помал ризик од смрт.

Така, може да се види дека податоците за опасностите од групата А се разликуваат помеѓу студијата спроведена во Европа и онаа спроведена во САД. Едниот наведува дека групата А има најголем ризик да заврши со кислород или респиратор по инфекција со коронавирус, а другиот вели дека ова важи за АБ. Но, и двете откриле дека групата 0 има најмал ризик од инфекција со ковид-19 во споредба со другите крвни групи.

Поддржете ја нашата работа: