Бројот на пријавени случаи со хепатитис кај мали деца во светот е 169, а едно дете починало. Само во Велика Британија 114 деца се разболеле, а 10 ќе мора да одат на трансплантација на црниот дроб, пишува Би-Би-Си во опсежна анализа.
Се верува дека причината за овој хепатитис е аденовирус. Повеќето болни деца се на возраст од пет години или се уште помали и имале симптоми на гастроентеритис – дијареја и гадење, а потоа следува жолтило на кожата и очите, што значи проблеми со црниот дроб. Се истражува и потенцијалната поврзаност со коронавирусот, односно дали децата кои прележале неодамна се изложени на поголем ризик од зараза.
Теоријата за аденовирус е издржана, но сѐ уште не е докажана.
Поддржете ја нашата работа: