Мравките можат да ги „намирисаат“ клетките на ракот, експеримент на француски научници

Научниците ширум светот вложуваат големи напори да го подобрат лекувањето на една од болестите што убива илјадници животи годишно.

Еден од претходните експерименти покажа дека кучињата се способни да откријат рак на дојка и белите дробови врз основа на дишењето на пациентот, а сега се покажа дека оваа способност не ја имаат само нашите четириножни пријатели, туку и кафените шумски мравки (Formica fusca).

По само неколку минути „тренирање“ да реагираат на одреден мирис, вредните инсекти можеле да ги разликуваат здравите човечки клетки од клетките на ракот во петриевата чинија. Научниците веруваат дека здравите и канцерогени клетки лачат различни соединенија кои мравките можат да ги мирисаат.

„Покажавме дека на некои мравки им требаат само неколку тренинзи за да научат, запомнат и со сигурност да го откријат мирисот на човечките клетки на ракот“, тврдат авторите од францускиот Национален центар за научни истражувања.

Авторите на студијата ќе продолжат да истражуваат начини за брзо, ефикасно и рано откривање на ракот без скапи или инвазивни методи.

„Нашите резултати покажуваат дека користењето мравки како жива алатка за откривање на биомаркерите на ракот кај луѓето е изводливо, брзо и помалку барано од користењето на други животни“, пишуваат научниците.

Истражувачите го видоа потенцијалот на мравките да мирисаат други супстанции, како што се лекови, експлозиви или други болести.

Нивната работа беше објавена на веб-страницата iScience.

Поддржете ја нашата работа: