НАСА на Земјата успешно донесе примероци од астероидот Бену

NASA

Мисијата на НАСА, OSIRIS-REx, која беше успратена од Земјата во 2016 година, успешно се врати на Земјата со материјал од 2 милијарди километри оддалечениот астероид Бену.

Сондата стигна на астероидот во 2018 годинса, а главната цел била да се соберат материјали од површината на астетроидот, кој научниците го опишуваат како најопасниот чие постоење сме го потврдиле.

The sample return capsule from NASA’s OSIRIS-REx mission is seen shortly after touching down in the desert, Sunday, Sept. 24, 2023, at the Department of Defense’s Utah Test and Training Range. The sample was collected from the asteroid Bennu in October 2020 by NASA’s OSIRIS-REx spacecraft. Photo Credit: (NASA/Keegan Barber)

„Секои шест години орбитата околу Сонцето го приближува астероидот до Земјата. Научниците пресметаа дека шансите дa се сруши на нашата планета се 1:1.750 во наредните 300 години, а датумот за кој најмногу се загрижени во тој временски период е 24 септември 2182 година“ пишува ВВС.

Што е исто така важно, примероците веројатно ќе дадат свеж увид во формирањето на Сончевиот систем и можеби ќе фрлат ново светло врз постанокот на животот на нашата планета.

Астероидот Бену е голема карпа со дијаметар повеќе од 490 метри и тежок околу 78 милиони тони.

Бидејќи Бену изгледа многу слично на астероидите пронајдени на Земјата, научниците мислат дека тој би можел да содржи некои од најстарите материјали на универзумот.

НАСА планира прес-конференција на 11 октомври за да го даде својот прв став за она што е донесено на Земјата. Малите примероци треба да бидат дистрибуирани до поврзаните истражувачки тимови низ целиот свет. Тие се надеваат дека ќе известат за широк опсег на студии во рок од две години.

„Еден од најважните моменти од мисијата е дека 75% од тој примерок ќе зачуваме за идните генерации, за луѓето кои сè уште не се родени, за да работат во лаборатории кои не постојат денес и со инструменти за кои сè уште не сме ни помислиле“, изјави директорката за планетарна наука на НАСА, Лори Глејз, за BBC News.

Извор: BBC

Поддржете ја нашата работа: