НАУЧНИЦИТЕ ЗБУНЕТИ, заб од МАМУТ пронајден на дното на Тихиот океан!

Додека го истражувале морското дно, научниците наишле на нешто сосема неочекувано. Научниците се обидуваат да откријат како стигнало таму.

На длабочина од три километри, во Тихиот Океан, ненадејно е откриен заб од мамут. Научниците се обидуваат да откријат како стигнал таму.

Локацијата е откриена за време на експедиција во 2019 година, кога тим од Институтот за истражување на заливот Монтереј проучувал подводна планина лоцирана на 300 километри од брегот на Калифорнија.

Со помош на специјална камера, на длабочина од 3070 метри, тие наишле на нешто што наликува на заб на слон, но не го проучиле детално.

Две години подоцна, истражувачите се вратија на истото место за да го подигнат објектот на површина.

Тогаш сфатиле дека примерокот, долг околу еден метар, не е заб од слон, туку од мамут! Ладното опкружување во длабочините на морето во комбинација со високиот притисок овозможил овој заб да остане многу добро зачуван, што им дало можност на истражувачите подетално да го проучат.

Забот му припаѓал на колумбиски мамут (Mammuthus columbi), кој ја населувал Северна Америка уште од средниот плеистоцен.

Истражувачите сега се надеваат дека компјутерската томографија ќе ја прикаже тродимензионалната внатрешна структура на забот и ќе обезбеди повеќе информации за животното, како што е неговата возраст.

Тимот верува дека тоа е можеби најстариот добро сочуван заб од мамут  пронајден во овој дел од Северна Америка. Датирањето е направено од Геохронолошката лабораторија на Универзитетот во Калифорнија, Санта Круз.

Дополнително, научниците планираат да ја секвенционираат древната ДНК од забот за да добијат повеќе информации околу населувањето на мамутите во Северна Америка.

„Кога ги истражувате длабочините на морето, секогаш сте подготвени за неочекуваното, но повторно сум изненаден што наидовме на древен заб од мамут. Нашата работа за проучување на ова возбудливо откритие е само почеток и со нетрпение очекуваме повеќе информации во иднина“, изјавил Стивен Хадок, научник и член на подводната експедиција.

„Овој примерок е различен од сè што сме виделе на друго место, бидејќи океанот добро го заштитил“, додал Даниел Фишер, палеонтолог од Универзитетот во Мичиген.

Поддржете ја нашата работа: