Загадочна структура во облик на буквата L пронајдена под земја во близина на пирамидите во Гиза може да биде влез во подлабока формација под неа.
Користејќи техники за далечинско набљудување, археолозите во Египет открија мистериозна структура во облик на буквата L под песокта на западните гробишта во Гиза.
На локалитетот се наоѓаат гробови на членови на кралско семејство и високи функционери, информираше тимот на. Многу од нивните гробници имаат надземни правоаголни структури од камен или кал од тули со рамни покриви познати како „мастаби“.
За да бара остатоци во оваа област, тимот користел техника наречена томографија со електрична отпорност (ERT), во која електричните струи се испраќаат во земјата и се мери отпорот за да се детектираат евентуални подземни формации.
Тимот открил аномалија на околу 2 метри под површината.
„Се чини дека е структура во облик на L со должина од најмалку 10 метри“, напишале научниците во нивниот труд, објавен на 5 мај во списанието Archaeological Prospection.
„Според податоците од мерењата, структурата изгледа дека е исполнета со песок, што значи дека била полнета откако била конструирана“, напишал тимот во студијата.
Според отчитувањата, подлабоката структура била „високо отпорна аномалија“, што сугерира дека може да биде мешавина од песок и чакал, или можеби воздушна празнина.
„Ископувањата се во тек“, информира првиот автор на студијата Мотојуки Сато, професор во Центарот за студии за североисточна Азија на Универзитетот Тохоку во Јапонија. Тој изразил увереност дека структурата не е природен феномен, бидејќи „обликот е премногу остар“.
Петер Дер Мануелиан, професор по египтологија на Универзитетот Харвард, кој не е вклучен во студијата, за Live Science изјавил дека „тоа е интересна област, која не е истражувана поради отсуството на надземни градби“.
Во Гиза има капели во форма на L, но тие обично се над земја, рече тој. „Сè уште не сум сигурен само што претставува оваа аномалија, но секако е достојна за понатамошно истражување“.
Работата со далечинско набљудување беше спроведена помеѓу 2021 и 2023 година од заеднички тим на научници од Меѓународниот универзитет Хигаши Нипон, Универзитетот Тохоку и Националниот истражувачки институт за астрономија и геофизика на Египет.