Нова пловечка соларна фарма отпорна на урагани

Нова платформа за соларна енергија наречена Демонстратор неодамна беше пуштена во река во Холандија за да се симулира влијанието на водата и ветерот на отворено море, а резултатите беа одлични.

Иако идеално опкружување за производот на SolarDuck се градовите и островите во близина на екваторот (каде има помалку ветер), следната варијанта на демонстратор ќе може да издржи на ураганите што се формираат околу Бермуди и Флорида, објасни Дон Хугендорн, главен технички директор на SolarDuck .

SolarDuck дизајнираше пловечки структури за сончева енергија така што тие можат да издржат на морските услови и ураганските ветрови, но исто така ги оптимизира за природни пристаништа, притоки и други крајбрежни области каде брановите се повисоки од три метри. Тестот за влечење покрај реката беше извршен на должина од 50 километри, а триаголната платформа беше изложена на сили од 17,6 тони додека се движеше со брзина од 7 јазли, пишува Интрестинг инженеринг.

Со оглед на забрзаното темпо на климатските промени, доаѓањето на платформа како „Демонстратор“ е навистина за пофалба. Градовите од Токио до Њујорк почнуваат да работат напорно за да се оддалечат од фосилните горива. Но, на многумина им недостасува примарна економска моќ што ги прави градовите привлечни, а тоа се достапни недвижнини. Градовите како Хонг Конг, Сингапур и слично немаат слободни земји. Платформите би можеле да напојуваат значителни заедници преку екваторот, каде сонцето е постојано, а ветерот е слаб, што ја прави употребата на ветерната енергија непрактична.

Хугендорн и неговите колеги од SolarDuck размислувале да постават соларни панели на врвот на облакодерите во Хонг Конг, но тоа би обезбедило само 10 или 11 проценти од потребите на електрична енергија во градот. Земјиштето е многу скапо и многу куќи се изградени на пловечки конструкции. И покрај ограничувањата, многу светски лидери имаат практични причини зошто претпочитаат соларна енергија отколку енергија создадена од ветер.

Сончевата енергија е неспоредливо најевтиниот метод за производство на обновлива енергија во сончевиот појас каде има многу сонце и нема ветер.

Поддржете ја нашата работа: