Чернобил наскоро ќе стане соларна фарма?

Украинската влада објави дека планира да ја претвори областа околу Чернобил, местото на една од најголемите нуклеарни несреќи во историјата, во фарма за соларна енергија. Украина планира да го направи тоа на тој начин што ќе изгради серија на соларни панели во забранетата зона која се протега во радиус од 30 км од нуклеарната централа, со што воедно ќе го искористи ова огромно радиоактивно парче земја кое не е погодно за живот на луѓето и ќе овозможи поевтин извор на енергија од обновливи извори со што би можела да се намали зависноста на земјата од Русија.

Украинската влада во моментов бара инвестиции за овој проект и е во преговори со две американски и четири канадски фирми.

Се’ уште не се знае како би се одвивала изградбата на овие соларни панели поради опасната радијација на која би биле изложени работниците, па осигурувањето на безбедноста на работниците останува како сериозен предизвик кој треба да се реши за овој проект да биде успешен.

Додека да дознаеме нешто повеќе за овој проект, погледнете како изгледа Чернобил денес.

Поддржете ја нашата работа: