Островот кој преку ноќ се појави повторно исчезна

СПОДЕЛИ

Се чини дека островот Shelly, познатата туристичка атракција во близина на Хатерас во Северна Каролина, исчезна речиси преку ноќ. Научниците не се зачудени бидејќи велат дека истоимениот остров преку ноќ и се појавил.

Овој песочен остров, кој името Шели го добил поради големиот број на школки кои ги поседува, се изронил од Атланскиот океан речиси преку ноќ и набрзо станал голема туристичка атракција.

“Минатата година, кога и се појави овој остров, многу експерти велеа дека истиот нема да биде долгогодишен, и излезе дека се во право. Оттогаш бројните бури го разместиле песокот, а островот Шели всушност повеќе не е остров”, вели НАСА.

Новите сателитски слики објавени од НАСА покажуваат дека островот веќе не постои.

Otok Shelly | Author: NASAПричините кои го формираа, а потоа го уништија овој остров не се сосема јасни. Во овој случај се чини дека временските промени влијаеле во формирање на песокот и исто тие го уништиле островот кој од обичен насип на песок за кратко време прерасна во вистински остров.

Во 2017та година овој остров имаше површина од цели два километри, сега го уништиле силните ветрови кои дуваат на овој дел од Атланскиот океан. Со ураганот Ирма минатата година започна неговото распаѓање, а овогодишниот ураган Марија целосно го уништи.

Научниците велат дека ваквите промени се вообичаени. Настанал и исчезнал благодарение на бурите, а посетителите ќе го запомнат по големата количина на убаво сочувани школки по кој и го добил името.

Дискусија

Коментари