Моментално, веб-страната има над 53 милиони текстови кои се достапни на повеќе од 300 јазици и за прв пат во 10 години постоење, „Википедија“ ќе добие нов ре-дизајн.
„Иако содржината на „Википедија“ станува сè пообемна“, нејзиниот изглед остана ист“, истакнале од компанијата во својата блог објава.
Дел од промените ќе вклучуваат и интерактивна странична навигација, која ќе им помогне на корисниците да го скратат менито на секоја „Википедија“ страна.
Од „Википедија“ нагласуваат дека ваквата промена ќе го помогне користењето и ќе се фокусира на содржината.
Втората промена е максимална ширина на текстот и страните за дискусија, поради тоа што оваа алатка во многу наврати била од голема помош при читањето на информациите и намалување на оптоварувањето на очите.
Во скоро време, ќе бидат воведени и промени за подобрување на пребарувањето, пристап со еден клик до различни јазици и површински промени како поместување на логото.
„За да ги вратиме старите корисници, не е доволна само одлична содржина, туку и подобрено искуство кое е интерактивно и лесно и е во склад со модерен, веродостоен и примамлив веб-сајт. Истовремено, посакуваме да ја задржиме суштината на нашиот визуелен идентитет и да еволуираме на начин со кој финалниот продукт ќе изгледа како „Викимедија“ проект“, изјавила Олга Василева, дел од „Википедија“.
Сите промени можат да се видат на сајтот на „Медијавики“ преку интерактивни гифови на кои се претставени новите функции.
„Ние не создадовме комплетирана и детална спецификација за продуктот. Секоја промена ќе биде воведена одделно, со тек на време. Во одредени случаи промените можат да бидат воведени, но подобрени отпосле“, пишува во блог објавата.
Од компанијата додаваат дека сите подобрувања ќе бидат воведени до крајот на 2021 година, за време на јубилејот од 20 години постоење на „Википедија“, иако не откриваат дали ќе има подобрена мобилна верзија од сајтот.