Денес ( 15.01.2019 ) со почеток од 19:30 часот во Концепт 37 во Скопје ќе биде одбележан 18-тиот роденден на Википедија, на кое присутните покрај меѓусебно дружење и запознавање ќе можат да се запознаат со работата на енциклопедијата и нејзините достигнувања, цели и начела.
Изминатата 2018 година Википедија доби нови 6.000 статии на македонски јазик и стигна до бројка од скоро 98.000 статии, а читаноста секој месец е блиску до 3 милиони прегледи.
Програма на настанот:
– Поздравна реч
– Презентација: Основите на Википедија
– Достигнувања, бројки и факти за Википедија на македонски јазик – минато, сегашност, иднина
– Доделување на наградите за победниците на фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната 2018“
– Доделување на наградите за победниците на уредувачкиот натпревар на Википедија на македонски јазик на тема „Острови“
– Доделување на признаници и благодарници за членови на заедницата и доброволци кои остварија значаен придонес и помогнаа за проширување и подобрување на проектите кои се спроведуваат на Википедија
– Брза вики-обука: брза, кратка и начелна обука за уредување на статии на Википедија преку изворниот-кодиран (html) и нагледниот-визуелен уредувач и алатката за превод, каде присутните ќе создадат или подобрат по некоја статија на Википедија
– Сечење на ТОРТА со логото на Википедија
Слободната интернет енциклопедија Википедија е основана на 15 Јануари 2001 година и представува уникатна платформа на која може секој да внесува и уредува најразновидни содржини на знаење, податоци и информации на повеќе од 280 јазици, меѓу кои и Википедија на македонски јазик од август 2003 година.
Среќен роденден Википедија