Понекогаш не знаеме што имаме сè додека не исчезне. Valviloculus pleristaminis претставува совршен пример за тоа.
Научниците неодамна го идентификуваа овој мистериозен, изумрен цвет. Некогаш цветал во периодот Креда.
Цветна реликвија од минато време, зачувана во килибар, кој застанал пред времето уште кога диносаурусите сè уште шетале на Земјата.
„Иако наликува, ова не Божиќен цвет, но е прекрасен, особено ако се земе во предвид дека бил дел од шума што постоела пред 100 милиони години“, вели угледниот професор Џорџ Поинар од Државниот универзитет во Орегон.
Тој се смета за научник кој го популаризираше феноменот на праисториските инсекти и нематоди заробени во смола на дрво преку геолошки временски рамки – идеи кои летаа, буквално во поголемиот дел од времето, во фантазијата на „Паркот Јура“.
„Машкиот цвет е мал, со ширина од околу 2 милиметри, но има околу 50 латици распоредени како спирала, со прашници насочени кон небото“, објаснува Поинар.
Пронајдениот примерок веројатно е дел од соцветијата на растение што содржело многу слични цветчиња, некои можеби женски, додава Поинар.
Предметниот примерок е откриен во рудници за килибар во Мјанмар, зачуван во морски седиментни наслаги кои датираат од средината на Креда, пред околу 99 милиони години.
Според истражувачите, V. pleristaminis, е пример на ангиосперм (цветно растение), најверојатно припаѓа на редот Лауралес, имајќи некоја сличност со семејствата Monimiaceae и Atherospermataceae.
Но, овој чуден, изумрен цвет не нуди само индиции за историјата на цветната еволуција.
Според Понар, V. pleristaminis и други фосили на бурмански килибарни ангиосперми, исто така, може да помогнат во решавањето на извонредната мистерија за античкиот суперконтинент Гондвана каде за првпат се појавиле овие растенија.
Поточно, V. pleristaminis некогаш цветала на одвоен дел од огромниот континент Гондвана, наречен Западна Бурма, кој се отцепил од остатокот од суперконтинентот во некоја непозната точка во историјата. Кога станува збор за некаква претпоставка, датумот на раздвојување е датиран уште пред 500 милиони години.
Истражувањето на Понар Jуниор сепак сугерира дека Западниот бурмански блок не можел да се отцепи од Гондвана во Азија пред раната креда, со оглед на тоа што ангиоспермите се развиле и диверзифицирале пред околу 100 милиони години.
Дебатата најверојатно нема да заврши наскоро, но V. pleristaminis и неговите килибарни облоги даваат нов начин на размислување за ова прашање – тајна која чека да се каже скоро 100 милиони години.
„Датирањето на тектонската миграција на [блокот Западна Бурма] од Гондвана сè уште не е цврсто утврдено, но староста на килибарот, со вклучени фосили на растенија и животни поврзани со Јужната хемисфера, може да биде фактор во евентуално решение на овој проблем“, пишуваат истражувачите.
Наодите се пријавени во Журналот на Институтот за ботаничко истражување во Тексас.