Ранобудните луѓе се поздрави и подобро функционираат во текот на работниот ден

Последните студии покажауваат дека некои од нас се природно многу похрабри да станат наутро за разлика од другите.

Последните студии покажауваат дека некои од нас се природно многу похрабри да станат наутро за разлика од другите. Овие луѓе имаат одреден сет на разлики во мозокот што ги прави свежи и среќни кога ќе се разбудат подготвени за новиот ден, додека „ноќните птици“ веројатно претпочитаат да се забавуваат доцна во ноќта и го мразат утрата. Се разбира, можете да се обучите да бидете ранобудна личност со доволно упорност и кафе, но одредени групи на гени – хронотип – секако помагаат.

Сепак, новото истражување откри дека хронотип гените би можеле да бидат многу поважни во вашиот живот отколку што се сметаше порано. Хронотип гените се директно поврзани со тоа кога и колку може да спиете и колку наутро сте спремни да го започнете работниот ден.

Истражувањето првично е објавено во списанието Occupational and Environmental Medicine

За да откријат како хронотип гените влијаат на животот на луѓето, истражувачите од Финска истражувале на голема група на луѓе кои се родени во Северна Финска од 1966 година. Оваа студија е сè уште е во тек и ги следи животите на над 12 000 учесници, половина мажи – половина жени.

Сегашните резултати се во согласност со претходните истражувања, но сè додека не се открие генетиката на хронотипите и основните механизми, фактите остануваат повеќе корелација отколку дефинитивна причина. Истражувачите сугерираат дека хронотипите треба да се земат предвид при планирањето на работните распореди за да се обезбеди најдобро здравје и перформанси од вработените.

Генетскиот хронотип е најтежок за откривање. Засега најголем дел од студиите велат дека хронотип генот е наследен, што значи ако вашите родители го сакаат утринското сонце, можеби имате среќа да бидете секогаш подготвени за предизвиците кои ги нуди работниот ден.

Поддржете ја нашата работа: