Револуционерен „зелен“ цемент – се прави со електролиза наместо со печење

pixabay

Компанијата Sublime Systems вели дека е спремна за почеток на производството на „зелен цемент“ на голема скала, кој ги задоволува сите индустриски стандарди. Процесот на изработка на цемент кој не создава карбонски отпечаток се базира на електролиза собна температура наместо да се користат печки на фосилни горива, односно се користат низа суровини без јаглерод.

Со традиционалните процеси на производство на бетон се создаваат тон CO2 за секој тон цемент, а бидејќи се произведуваат околу 4,1 милијарди тони цемент на глобално ниво, тоа значи дека цементо има огромен удел во климатските промени затоа што е одговорен за околу 8% од светската емисија на стакленички гасови.

Sublime Systems, која соработувала со научници од МИТ на изработка на еколошкиот цемент, користи нов електрохемиски процес за производство на цемент, а е идентичен со сегашниот цемент иако без јаглерод.

Во редовното производство на цемент се согорува варовник на околу 1.400 °C, а се користат фосилни горива за загревање. Притоа, бидејќи варовникот се состои од околу 50% јаглерод диоксид, кога се загрева тој токсичен гас се ослободува и тешко може да се залови затоа што е помешан со издувни гасови.

Пристапот на Sublime е сосема поинаков. Водата се дели при речиси неутрална pH и создава гасови водород и кислород, но и pH градиент меѓу двете електроди. Минералот кој содржи калциумреагира со киселината формирана на анодата и сосдава раствор на калциумови јони. Тие потоа мигрираат кон катодата. Кога ќе достигнат pH од најмалку 12,5, реагираат со базата која се создава на катодата и се таложат како цврст калциум хидроксид, познат и како градежен варовник или гасена вар.

Таа вар потоа е замена која се става во традиционалното производство на цемент, така што процесот сега е енергетски поефикасен, се елиминира производствто на водород, може континуирано да се вари варовник од реакторите и може да се произведува со користење опрема која се продава во продавница.

„Кога технологијата ќе стане доволно зрела, за можеби 8-10 години отсега, нашата долгорочна цел е да постигнеме паритет со трошоците за традиционално производство на цемент. Знаеме дека индустријата е многу осетлива на трошоци, така што сакаме да оствариме најголеми можни ефекти. Сега работиме на подготовка на пробна фабрика која ќе има капацитет од околу 25.000 тони годишно. Целта ни е фабриката да ја пуштиме во погон до крајот на 2025 година и да почнеме со производство на цемент во 2026 година. Потоа, планираме да направиме голема фабрика за комерцијално производство на околу 1 милиони тони цемент годишно. Уште работиме на деталите, но временската рамка со која работиме е 2027-2028 годиан и се надеваме на глобална имплементација во 2030-тите години“ велат од компанијата.

Извор: Cleantechnica

Поддржете ја нашата работа: