Скелет на огромно суштество од мочуриштата пронајден во Намибија

pixabay

Пред околу 280 милиони години, долго пред диносаурусите, големо суштество налик на саламандер со извонредни предаторски способности, талкало по мочуриштата и езерата на денешна Намибија.

Ова суштество, наречено Gaiasia jennyae, живеело за време на Пермскиот период и било долго најмалку 2,5 метри, а можеби и до четири, тврдат научниците кои го објавија откривањето на фосилизираните остатоци од ова суштество. Неговиот голем, тркалезен, рамен череп е долг повеќе од 60 сантиметри, со големи песјаци на горната и долната вилица.

„Широките, рамни глави на модерните животни обично се дизајнирани да го зграпчат  пленот од заседа и брзо да го проголтаат. Кај видот Gaiasia таквиот дизајн на черепот е искомбиниран со огромните песјаци што овозможува фаќање и убивање на голем плен“, објаснува Џејсон Пардо, постдокторски соработник по палеонтологија во Музејот за природна историја во Чикаго и еден од водачите на студијата објавена оваа недела во списанието „Nature“.

Фосилите се ископани во Намибија, земја во југозападна Африка. Поради постепеното движење на плочите коишто го сочинуваат надворешниот слој на Земјата, ова место било уште појужно кога живеел големиот влекач, речиси дури и околу сегашната најсеверна точка на Антарктикот.

Околу 100 милиони години пред постоењето на Гајазија, првите копнени ‘рбетници еволуирале од риби со месести перки. Се нарекуваат тетраподи. Живееле амфибиски начин на живот иако не биле вистински водоземци. Терминот тетрапод, што значи „четириножни“, се однесува на сите копнени ‘рбетници. Од најраните тетраподи се  создадле еволутивните лози што довеле до вистинските водоземци, рептили и цицачи.

За време на оваа еволуција, некои тетраподи преживеале, особено во оддалечените места, како Намибија во тоа време. Гајазија било едно од нив.

 

Поддржете ја нашата работа: