Слика на галаксија од 2,5 милијарди пиксели направена од Хабл +Видео

Ова е најголемиот фотомозаик некогаш составен од набљудувањата на Вселенскиот телескоп Хабл. Тоа е панорамски поглед на соседната галаксија Андромеда, која се наоѓа на 2,5 милиони светлосни години оддалеченост. Потребни беа повеќе од 10 години за да се создаде овој огромен и шарен портрет на галаксијата, користејќи повеќе од 600 преклопувачки снимки од Хабл, кои беа предизвик за составување.

Галаксијата е толку блиску до нас, што нејзината аголна големина е шест пати поголема од привидниот дијаметар на полната Месечина, и може да се види со голо око. За прецизниот поглед на Хабл, тоа претставува многу небесен простор за покривање. Овој зачудувачки и шарен мозаик ја доловува светлината на 200 милиони ѕвезди, што сепак е само дел од популацијата на Андромеда. Ѕвездите се распространети низ површина од околу 2,5 милијарди пиксели.

Овој деталeн поглед на одделните ѕвезди ќе им помогне на астрономите да го реконструираат минатото на галаксијата, вклучувајќи спојувања со помали сателити галаксии.

Линк до сликата 9МВ

Линк до сликата 203МВ

NASA, ESA, Бенџамин Ф. Вилијамс (Универзитет Вашингтон), Жуо Чен (Универзитет Вашингтон), Л. Клифтон Џонсон (Северозападен универзитет); Обработка на сликата: Џозеф ДеПасквале (STScI)

https://www.youtube.com/watch?v=B2aCFTYiJ4k&t=61s&ab_channel=NASAGoddard

Поддржете ја нашата работа: