СПОРЕД БРИТАНСКИТЕ НАУЧНИЦИ: Откриен лек кој го потиснува ракот со изгладнување

Британските научници пронашле лек со кој ракот може да се изгладнува и на тој начин да се принуди на повлекување, односно ремисија. Овој успех може да биде прв напредок во лекувањето на тумор на мозокот во последните две децении.
Научниците од Империал Колеџот во Лондон спровеле тестови на глувци кои имале глиобластом (ГБМ) – еден од најагресивните форми на рак на мозокот. На глодарите им бил даден експериментален лек кој им ја одземал аминокиселинаѕа аргинин – витална хранлива материја што туморите ја користат за раст.

Во новото истражување објавено во списанието Journal of Clinical Investigation, лекуваните глувци поживеале околу 47 деба, речиси двојно подолго од нелекуваните, кои преживеале 27 дена. Заради споредба, дел од глувците биле подложени на радиотерапија, односно зрачење.  Тие во просек преживеале 37 дена.

Но, кога новиот лек бил кобиниран со радиотерапија, сите глувци влегле во ремисија и живееле без ракот околу една година пред да бидат усмртени.

Насочување на растот на туморот

ГБМ е најчестиот тип на примарен тумор на мозокот со висок степен кај возрасните, а воедно е и најагресивен и најсмртоносен. Помалку од еден процент од пациентите со ГБМ живеат повеќе од десет години, а за многумина прогнозата е само 12 месеци.

Аргинин е аминокиселина која се користи за создавање на сложени молекули наречени протеини, кои имаат широк распон на функции во клетките. Неопходно е за различни канцерогени клетки, особено за брзорастечките, па научниците одличиле да истражат дали неговото ускратување на туморските клетки може да се користи како потенцијална стратегија за лекување на различни видови тумори, вклучително и ГБМ.

Околу 70 проценти од ГБМ туморите можат да создадат аргинин, а околу 30 проценти не можат. Во новата студија, истражувачкиот тим се фокусирал на тумори кои можат да произведат аргинин, изложувајќи ги на лек наречен ADI-PEG20. Овој лек го разградува аргининот, а целта била да се оневозможи пристапот на туморите до аргинин. Тимот исто така го истражува потенцијалот за користење на ADI-PEG20 кај 30 проценти од туморите кои не се во состојба да произведат аргинин. Доколку третманот се покаже успешен и кај овие тумори, тоа би значело дека сите пациенти со ГБМ би можеле да се лекуваат со намалување на нивото на аргинин.

Голем напредок

Д-р Нел Сајед, кој го води тимот во Центарот за истражување на тумори на мозокот при Империал Колеџот, вели: “Аргининот е витална хранлива материја за раст на туморот, а нашите резултати покажуваат дека намалувањето на неговите нивоа ги прави туморите многу почувствителни на радиотерапијата. “

“Отстранувањето на аргининот ја отстранува имуносупресијата на туморот, а откривме дека нашиот пристап значеше дека клетките на одбранбениот систем лоцирани околу туморот имаат поголема веројатност да ги напаѓаат и отстрануваат туморските клетки“, додава тој.

“Лабораториските резултати покажаа дека користењето на лекот ADI-PEG20 во комбинација со радиотерапија доведе до траен одговор со продолжено преживување без болеста и без значителна токсичност. Следните чекори се да се испита безбедноста и ефективноста на користењето на овој лек кај луѓето преку поставување на ново клиничко испитување“, објасни Сајед.

Поддржете ја нашата работа: