По неколку неуспешни обиди, вчера успешно беше лансиран првиот дел од мисијата Артемис I.
Оваа шестнеделна мисија без астронаути се смета за прв чекор кон воспоставување на долгорочна колонија на нашиот природен сателит.
Екипата во Кејп Канаверал, Флорида, успешно ја лансираше ракетата по десет недели и два неуспешни обиди предизвикани од проблеми со моторот и истекување на водород. Авионот последнава недела стоеше на рампата бидејќи не можеше да полета поради ураганските ветрови кои во некои моменти достигнуваа брзина и до 160 километри на час.
We are going.
For the first time, the @NASA_SLS rocket and @NASA_Orion fly together. #Artemis I begins a new chapter in human lunar exploration. pic.twitter.com/vmC64Qgft9
— NASA (@NASA) November 16, 2022
Иако се работи за пробно патување на ракетата Space Launch System и нејзината капсула Орион, таа носи симулирана екипа од тројца опремени со сензори за мерење на количината на радијација и други стресови што ги доживуваат астронаутите за време на таквите патувања. НАСА објави дека патувањето ќе трае 42 дена и дека во тој период леталото ќе кружи околу Месечината и ќе помине вкупно 2,1 милиони километри.
Интересен факт е дека капсулата ќе остане во вселената подолго од било кое летало на астронаут без приклучување на вселенската станица и ќе се врати побрзо од кога било досега.