Неверојатна научно-детективска работа резултираше со откритие дека дрвениот брод пронајден под урнатините на Светскиот трговски центар во Њујорк бил изграден непосредно пред или за време на Американската војна за независност (1775).
Во 2010 година, кога беа поставени темелите на зградите кои требаше да ги заменат кулите близначки во САД, работниците пронајдоа 9,75 метри долг остаток од бродска палуба, 7 метри под денешното ниво на улицата. Начинот на изработка и специфичните карактеристики покажаа дека бродот речиси сигурно потекнува од Северна Америка, но неговата старост и специфичното место на изградба беа мистерија.
Изотопското датирање не даде доволно прецизни резултати за да се одреди староста на дрвото од кое бил изграден бродот, па затоа истражувачите од Универзитетот Колумбија наместо тоа ги користеле годовите. Годовите во дрвјата од различни делови на бродот се совпаѓале.
Бидејќи интервалот помеѓу годините зависи од временските услови во одредена сезона, дрвјата што растат блиску едно до друго обично имаат слични модели на годови, кои речиси целосно се совпаѓаат. Резултатите биле споредени со 21 дрво од истиот вид од страна на тим предводен од д-р Дарио Мартин-Бенито.
„Нашите резултати покажуваат неверојатна коинциденција помеѓу хронологијата на бродот под Светскиот трговски центар и двете хронолошки мерења од Филаделфија и источна Пенсилванија“, пренесута National geography.
Истражувањето покажало дека бродот бил изграден од дрвја исечени во 1773 година.
„Филаделфија беше една од најважните, ако не и најважните локации за бродоградба во Соединетите држави во тоа време. Покрај тоа, тие имаа грст дрвја, па логично е дрвјата да доаѓаат од таму“, изјавил Мартин- Бенито.
Претходно беше откриено дека дрвото е заразено со Lyrodus pedicellatus, што покажува дека одреден момент бродот пловел до Карибите. Таа инфекција со бродски црви можеби довело до предвремено уништување на бродот.
Се претпоставува дека тој бил закотвен на брегот и го штител Менхетн од напади од море.